(+389) 070 376 213
office@paper-mill.eu

Дали знаевте

Рециклираната хартија има седум животи! Истата хартија може да се рециклира до седум пати без да се изгубат својствата на влакната, односно целулозата.
За производство на 1 тон хартија потребни се 1,3 тони отпадна хартија, или доколку се прави нови суровини потребни се 17 израснати дрвја. За да ги заштитиме дрвјата важно и значајно е да произведуваме хартија со рециклирање.
Во 2020 година Пејпер Мил има рециклирано 15.000 тони хартија и претворено во производ, хартија која повторно се користи. Со тоа се заштитени околу 187.000 дрвја.
Хартијата која се фрла зафаќа речиси најголем простор во депониите. Потребни ѝ се 2-6 недели за распаѓање, што е многу помалку од другите материјали. Но, поради количината подобро е да ја рециклираме бидејќи ќе заштедиме многу простор. Покрај тоа ќе се намали енергијата и консумирањето на природни ресурси кои се потребни за нова хартија.