(+389) 070 376 213
office@paper-mill.eu

За нас

За Пејпер Мил Кочани

 

Пејпер Мил Кочани е единствена фабрика за рециклирање на отпадна хартија во Македонија. Фабриката за хартија во Кочани е една од најстарите фабрики во Македонија основана во 1963 година, која се наоѓа на подрачјето на општина Кочани и зафаќа вкупна површина од 80 000 м2.

Во 2016 година фабриката ја презема Групацијата - UNITRADE CLUSTER од Република Бугарија и веднаш по нејзиното повторно отворање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети, застарени поради нејзиниот престанок на работа претходните години. Од моментот на рестартирање на фабриката, па сé до денес во неа е вложено повеќе од 8 милиони евра во унапредување на технологиите за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на производите, како и зголемување на капацитетот. Посебен пристап беше направен кон Чистите технологии и адаптација за рециклажа.

Денес фабриката работи 100% рециклажа на хартија со модерна пречистителна станица и користи исклучиво био маса и био гас како основни енергенси. Фабриката поседува А Интегрирана дозвола од Министерство за животна средина на Република Северна Македонија, како и повеќе сертификати за квалитет и екологија. Фабриката ги задоволува капацитетите за рециклажа на целата отпадна хартија на ниво на Република Северна Македонија. Моменталниот капацитет за рециклирање е 15.000 тони отпадна хартија годишно, која Пејпер Мил ја претвора во современи и квалитетни хартиени продукти. Веќе се направени проекти за тројно зголемување на овој капацитет.



Ние во Пејпер Мил сме посветени на одржлив раст и развој, безбедно работно опкружување и квалитетни производи за нашите клиенти, базирано на принципите на циркуларна економија, заштита на животната средина и јавното здравје и севкупен придонес кон заедницата во која делуваме.

Обраќање на Генерален директор

Почитувани,

Од самото преземање на еден од најстарите преработувачки капацитети во Македонија, цврсто бевме решени да отвориме ново поглавје во областа на рециклирање на хартија во земјата. Од 2016 години постојано вложуваме во нови и модерни технологии, и даваме „нов живот“ на старата отпадна хартија и придонесуваме кон остварување на националните цели за рециклирање на хартија на територијата на Република Северна Македонија.

Ние ја рециклираме целата отпадна хартија во земјата и од неа создаваме високо-квалитетни хартиени производи кои ги извезуваме во десет земји во регионот и Европа. Инвестиции кои ги направивме од преземањето на фабриката до денес и оние кои што планираме да ги направиме во иднина ќе ни овозможат нам, како компанија да ги исполниме деловните цели и да обезбедиме одржливост за бизнисот, циркуларната економија и животната средина за следните генерации.

Пред нас се поставени многу амбициозни цели, тројно зголемување на капацитетите за преработување на хартија, зголемување на човечкиот капитал на фабриката и уште поголема интернационална експанзија на нашето производно портфолио. Но, исполнувањето на целите нема крајна дестинација. Тоа е едно долго патување со многу предизвици, секојдневна посветена работа, многу труд и одрекувања.

За да ги оствариме овие цели, неопходно е да имаме и плодна соработка и поддршка од сите чинители во процесот. Нашиот успех и остварувањето на нашите цели е можност повеќе да вратиме во заедницата во која работиме и да вложиме во проекти за добробит на целото општество.
Затоа активно работиме на градење и одржување на односите со сите наши стратешки чинители, локалната заедница, државните институции, невладините организации и јавноста за да покажеме дека сме добар корпоративен граѓанин, чие постоење има додадена вредност и силен социо-економски придонес.

Гледаме со оптимизам на иднината, работиме напорно и создаваме успешна приказна за рециклирање вон Република Северна Македонија. Горди сме да го споделиме тоа со сите вас.
Искрено,
Јулијан Даскалов, Генерален Директор на Пејпер Мил Кочани

4
Тим

Вработените се нашиот највреден ресурс, 120 членови на семејството на Пејпер Мил. Пејпер Мил вработува главно локални професионалци од Кочани на речиси сите работни позиции.

Просечна возраст на вработените е 46,7 години. Најголем дел од вработените, односно 60% се со средно стручно образование, 20% со основно образование, 4% од вработените се со вишо образование, а со високо и магистерски студии се 16% од вработените. Нашите напори се насочени кон постојано обезбедување на соодветни услови за здравје и безбедност при работа, создавајќи сигурна и здрава работна средина, стабилни примања и услови кои овозможуваат нашите вработени да се чувствуваат задоволно и сигурно.

Едукациите и обуките за сите вработени се составен дел од работењето на Пејпер Мил, а транспарентноста и правичноста кои се темелат на взаемно почитување и еднаквост се основната одлика и вредност на секој член од нашиот тим.

Јулијан Даскалов
Генерален директор
Игор Тасевски
Административен директор
Дечко Груев
Комерцијален директор
Партнери

 

Пејпер Мил Кочани е член на Групацијата Унитрејд Кластер од Бугарија чија главна дејност е управување со отпад и рециклирање. „Unitrade cluster“ Ltd е основана во 2013 година. Компанијата доби финансирање од ЕУ во рамките на Оперативната програма „Конкурентност“ 2007-2013 за развој на својата активност во управувањето со и рециклирање на отпад. Главната активност на кластерот е собирање (од точката на потекло), транспорт, складирање, предтретман, рециклирање (регранулација) на отпадот од пластика и најлон и нивно понатамошно процесирање на пазарот во форма на материјал за рециклирање за производство на стоки од полиетилен регранулат.

Кластерот се состои од седум компании, кои тесно соработуваат во споделувањето на знаења и технологии од областа на управувањето со отпадот и сите имаат одлична репутација. „Unitrade cluster” Ltd е холдинг-компанија за следните компании: „Unitrade 2002” Ltd, “Vadias” Ltd, “MKD-69” Ltd, “Unitrade 2011” Ltd, “Vadias Trade” Ltd, „Unitrade Eko“ Ltd и „Max Trade Sped“ Ltd. Создавањето на кластерот е со цел да се овозможи деловна соработка и стимул за развој на средствата, технологијата и инфраструктурата и обезбедување на здружени инвестиции, што се најсилните конкурентни предности на кластерот, невозможни за единствена компанија.



Покрај тоа, регионалната концентрација на членовите на кластерот и релативната близина на други економски фактори, важни за секторот, го олеснуваат создавањето на други синергии, како што е поефективната употреба на квалификувана работна сила и зголемувањето на веќе стекнатиот удел на пазарот. Регионалното значење на кластерот Unitrade има повеќе насоки и е директно поврзано со собирање, транспортирање и рециклирање на отпад, што е прашање од голема социјална и еколошка важност. Во тој контекст, членовите на кластерот се насочуваат кон управување, поставувајќи ги следниве важни цели:

Етаблирање на кластерот во заедницата и развој на широка мрежа на деловни партнерства

Создавање меѓународни контакти и партнерства, со цел градење на транснационални односи со кластери

Развој на програми за градење на производствени капацитети за преработка на сите видови отпад и инвестирање во развој на нови методи за повторна употреба

Проширување на присуството на локалниот и меѓународниот пазар во областа на управување со отпад.



Unitrade 2002

со основна дејност внатрешно и надворешно тргување: набавка, предтретман и трговија со отпад, предтретман на метален и неметален отпад и трговија на големо со отпад и старо железо, по издавање на потребната документација.

Унитрадед 2011

компанија основана во 2011 година во Софија, со главна активност, собирање, складирање, предтретман и локална и меѓународна трговија на пазарот за отпад од црни и обоени метали, возила на крајот на животот (ЕЛВ), отпад од електрична и електронска опрема (WEEE), отпадни батерии и акумулатори (WBA), како и отпадоци од метално пакување. Покрај своите главни активности, компанијата работи и во областа на собирање, транспортирање и привремено чување на отпадна хартија, пластика, најлон и стакло.

Unitrade Eco

основна дејност на компанијата е собирање, привремено складирање, предтретман и следење на маркетинг на хартија, картон, пластика, најлон, дрво и друг отпад од пакување.

MKD-69

главна активност е собирање, привремено чување, предтретман, транспорт и рециклирање на отпадна пластика. Како дополнителни активности, компанијата врши и собирање, транспорт и привремено чување на хартија, најлон, пластика и стакло од отпад, возила на крајот на работниот век (ЕЛВ), отпадна електрична и електронска опрема (ОЕЕ), отпад батерии и акумулатори (WBA), обоени метали и метално пакување.

Vadias

Основна дејност е собирање, предтретман и рециклирање на полипропилен (PP), полиетилен со висока густина (HDPE), полиетилен со мала густина (LDPE) и линеарен полиетилен со мала густина (LLDPE) и негово понатамошно реализирање на пазарот. Дел од гранулатот (10-12%) се преработува за крајни производи - полиетиленски филм, пластични кеси и вреќи, а остатокот (88-90%) се продава како суровина на пазарите во Бугарија и на Балканот, и во други земји на Европската унија.

Max Sped Trade

со основна дејност меѓународен транспорт и шпедиција, како и собирање и транспорт на отпад и отпад и градежен отпад што не може да се рециклира, комерцијален и домашен отпад низ земјата и странство.

За повеќе информации посетете ја веб страницата: http://www.unitrade2002.com/unitradeeco.html



Соработници

Пејпер Мил Кочани соработува со бројни компании и деловни партнери во Република Северна Македонија, од кои фабриката купува услуги од различни области – логистички услуги и транспорт, суровини потребни за оперативно работење на фабриката, откуп на хартија, набавка на енергенси и електрична енергија, одржување на механизација, потребни градежни работи и други поголеми и помали набавки. Со ова, Пејпер Мил вклучува активно ги вклучува во својот систем на работење локалните компании, со што директно влијае врз одржливост на други индустрии и развој на локалното стопанство. Отворени сме за нови можности и ширење на нашата мрежа на соработници и пријатели. Во 2020 година Пејпер Мил има остварено соработка со македонски компании во вредност од над 2,8 милиони евра.



Вработување во Пејпер Мил

Постојано ги следиме методите и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси. Тука нудиме поедноставен пристап на сите заинтересирани за пополнување на слободни работни места и искажување интерес за вработување во Пејпер Мил. Вашето аплицирање и претставување на оваа станица ќе ни овозможи побрз и поефикасен увид во вашите стручни и профисионални квалификации, преку кои можете да станете дел од тимот на Пејпер Мил.
Доколку сте заинтересирани за работа во оваа индустрија и доколку сметате дека со вашето искуство можете да придонесете за наш континуиран раст и развој, Ве молиме аплицирајте преку подолу прикажаната форма или испратете ваша куса биографија на е-маил: office@paper-mill.eu.
Пејпер Мил нуди конкурентен надоместок согласно квалификациите на кандидатот, можности за обуки, дообуки и дополнителна едукација, опрема и обуки за безбедно работење, сигурна и продуктивна работна средина со можности за професионално и лично надградување и напредување.