(+389) 070 376 213
office@paper-mill.eu

Производи

Производите на Пејпар Мил се џамбо ролни со различни димензии по нарачка на купувачите. Максимална ширина на ролните е 2550мм и дијаметар од 1300мм. За производите се води строга контрола на производството потпомогнат од Валмет системот со интегриран Метсо скенер, како и сопствена лабораторија како крајна контрола. Со повеќе иновации старите системи се надградени да ги достигнат современите стандарди.
Пејпер Мил произведува повеќе типови на хартија кои се добиваат со рециклирање на стара хартија и тоа:

  • Флутинг хартија со грамажа од 70 до 180 грама/m2 која се користи за брановидниот дел на картонската кутија.
  • Шренц хартија со грамажа од 80 до 180 грама/m2 која се користи за спојување на два брановидни дела и постигнување на цврстина на кутијата.
  • Бела и сива амбалажна хартија, со белина од 45% до 70% и со грамажа од 60 до 180 грама/m2 која се користи за пакување. Се произведува во jumbo ролни и табаци.
  • Плотер хартија од 60 до 90 грама/m2 која се користи во текстилната индустрија и во автомобилска индустрија за производство на airbags.
  • Хартија за торбички од 70 до 140 грама/m2 која се користи за изработка на хартиени торбички, торбички за овошје, за брза храна, бакалници и торбички за супермаркет.
  • Хартија за изработка на хилзни од 180 до 230 грама/m2 која се користи за изработка на хилзни за тоалетна и хартија за домаќинство.
Нашиот готов производ преставува ролна која е цврсто намотана на хилзна, која потоа се продава на заинтересирани клиенти кои нашиот производ го користат за производство на картони, согласно нивните потреби и ја враќаат хартијата во повторна употреба.

Пејпер Мил нуди и готов производ во формат – односно амбалажна хартија. Димензиите се во зависност од побарувањето на клиентите.



Fluting WB

Fluting или Medium, е хартија која се користи за производство на картонски работи. Овој тип на хартија е од клучно значење за изработка на силни плочи / кутии, бидејќи нејзините карактеристики влијаат врз јачината на кутијата. Индикаторите за квалитет на флутирање се CMT и SCT вредности.

Schrenz

Schrenz е уште еден вид liner, кој главно се користи за внатрешниот слој на трослојната кутија или во петслојната кутија за конструкција на средишниот и внатрешниот рамен слој. Бидејќи хартијата е направена без додавање на скроб, бои и туткал, ова е хартија со пониски технички карактеристики.
Таа, исто така може да се најде својата примена во производството на хартија hilzny мал капацитет, првенствено во производството на хигиенски производи.

Brown Bags Paper

Brown Bags Paper е специјална водоотпорна хартија со висок степен на цврстина, која се користи за изработка на кеси/ вреќички за супермаркети и продавници, за пакување на брза храна, како и за пакување на овошје и зеленчук. Нашата хартија за вреќички се карактеризира со пријатна кафена боја, висок степен на водоотпорност и одлични параметри на квалитет.

Plotter Paper

Plotter Paper е хартија со мала грамажа чија намена е претежно за текстилната и шивачката индустрија како и за автомобилска индустрија за производство на airbags.

Core Board Paper

Core Board Paper е картон од 180 до 230 gsm/m2, кој се користи за изработка на хилзни за хартија за домаќинство, тоалетна хартија и други производи.

Поддршка за клиенти

Пејпер Мил е целосно посветен на обезбедување на врвен квалитет на своите производи, преку системите за управување со квалитет, постојани контроли на квалитетот на производите и целиот процес на производство.

Нашиот тим од експерти дава целосна поддршка на клиентите, согласно нивните барања во однос на димензиите и спецификите на продуктите. Градиме професионален и партнерски однос со нашите купувачи и излегуваме целосно пресрет за исполнување на нивните потреби и барања во однос на производите и/или логистиката.

За детални информации пишете ни на office@paper-mill.eu .

Нашите клиенти

Пејпер Мил ги продава своите производи во повеќе земји во регионот. Наши купувачи се компании од регионот кои се најголемите производители на картонски кутии и хартиени ќеси, како и на сите типови на хартиени производи. Истовремено, Пејпер Мил ги поддржува и независните производители и конвертори на хартија.
Со гордост можеме да истакнеме дека работиме со најголемиот број на производители во радиус од 1.000км од нашата фабрика.