Известување за јавност
Кочани, 26 јуни 2021г. – Пејпар Мил информира дека во рамки на унапредување на технолошките процеси при поставувањето на нова технологија, односно автоматика и мултициклон, денес, 26 јуни 2021г. во претпладневните часови се појави неочекувано краткотрајно испуштање на чад од новопоставените автоматски клапни. Иако чадот е од согорување на био-гориво, односно сончогледови пелети, по забележување на чадот, Пејпар Мил го запре производството и го префрли на био-гас односно метан. Екипите на производителот заедно со екипите на Пејпар Мил работат на утврдување и отстранување на причината за ова неочекувано чадење, а до завршување на сервисирањето на опремата, процесот на рециклирање и производство на хартија ќе се одвива со употреба на био-гас.