За Нас

За Компанијата

Фабрика за хартија во Кочани е една од најстарите фабрики во Македонија. Заснована е уште во 1963 година. Во составот на UNITRADE CLUSTER од 2016 година. Веднаш по нејзиното повторно отварање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети, поради нејзиниот престанок на работа претходните години. Од моментот на приватизација на фабриката, па се до денес во неа е вложено околу 4 милиони евра. Акцент се стави на квалитетот на производите како и зголемување на капацитетот. Посебен пристап беше направен кон Чистите технологии и адаптација за рециклажа. Денес фабриката работи 100% рециклажа со модерна пречистителна станица и користи Метан како основен енергенс. Фабриката поседува А ИСКЗ дозвола од Министерство за животна средина, како и неколку сертификати за квалитет и екологија. Капацитетот е доволен за рециклажа на целата картонска отпадна хартија на ниво на Македонија. Моменталниот капацитет е 14400 тони годишно. Веќе се направени проекти за триплицирање на овој капацитет.

Визија на Компанијата

Целта на Пејпар Мил Кочани е да биде лидер во секоја област на својата работа. Со активно учество во еколошки акции, добра соработка со локалната самоуправа и со надлежните Министерства, континуирана работа и вложување во најсовремена опрема и технологија во областа на заштита на животната средина користејќи ги најдобрите достапни техники, размена на искуства со странските партнери, а особено постојано вложување во образованието и усовршување на своите кадри, Пејпар Мил гради сигурен пат кон исполнување на својата визија за домашни бизнисмени и е пријател на еколошката средина.

Заштита на воздух

Со оваа програма се предвидени посебни мерки
за заштита на воздухот.

Направена е делумна реконструкција на постоечките котли, која со подобар квалитет на природен гас придонесува до намалување на потрошувачката на енергијата и со тоа се намалува емисијата на штетните компоненти.

Сертификат

Набавка на рециклирана хартија од користени производи и хартија од производствен остаток. Производство и продажба на хартија за завиткување и пакување, необложен картон, флутинг, пресуван картон, покривна хартија или тестлајнер, шренц .

Галерија

perspective-hp
DSC_5813
DSC_5823
DSC_58111
DJI_0090
DSC_5836
DSC_5815
DSC_5836
paralax-home12
DSC_5401
gallery9408301212
DSC_5818
DSC_5379
gallery940830
DSC_5840
DSC_5820

Партнери